Истражување: Веганите имаат секс двојно повеќе од месојадите, но имаат и повеќе фантазии

од Stefanija Kuzmanovska

Според истражувањето спроведено од страницата за запознавање IllicitEncounters.com, веганите имаат двапати повеќе секс од месојадите, а имаат и повеќе сексуални фантазии.

Дури 84 проценти од веганите се задоволни со својот сексуален живот, додека само 59 проценти од месојадите можат да го кажат истото, како што објави „Мирор“.

Скоро 57 проценти од веганите имаат секс четири пати неделно, што е двојно повеќе од месојадите кои водат љубов само двапати за седум дена. Додека скоро сите вегани го оценуваат својот сексуален живот како одличен, 58 проценти од нив велат дека секогаш имаат енергија за секс.

Веганите исто така се авантуристички настроени кон сексот, како што покажа истражувањето. Две третини се подготвени да експериментираат во кревет, додека повеќе од половина месојади признале дека не се осмелиле да ги реализираат своите фантазии.

Исто така, месојадите се малку себични во сексот. Само 35 проценти од нив велат дека претпочитаат да добиваат задоволство отколку да го даваат, во споредба со 58 проценти од веганите.

Слични содржини