Италијански научници: По примерот на тестот за бременост, направен е тест за коронавирус

од Nikola Popovski

Италијанските научници направиле едноставен тест за контрола на присуството на инфекција со коронавирус, која се заснова на анализа на плунка и покажува дали тестираното лице е заразено во рок од три до шест минути.

Принципот е сличен на тестот што се користи за да се утврди бременоста. Примерокот на плунка е измешан со реагенсот и една линија значи дека тестот е негативен, а две линија дека тестот е позитивен за Ковид-19.

На оваа идеја дошле научниците од Универзитетот Инсубрија.

Тестот е многу важен за таканаречената Фаза 2 кога ќе биде неопходно брзо и едноставно контролирање на голем број луѓе, како они кои работат во фабрика, во болници или кога и да е ако сте во ситуација да контролирате дали луѓето с епозитивни на ковид-19.

Во споредба со серолошкиот тест (врз основа на тест на крвта), овој тест е многу сигурен, овој тест е високо доверлив, но за да се добие лиценца за широка употреба потребно е многу време.

Меѓутоа, во случај тестирањето да го прават лекарите, одобрението за употреба може да се добие во рок од 15 денови.

Слични содржини