Италијански поштар не доставувал пошта оти платата била премала

од desk2
120 прегледи

Пред неколку месеци полицијата откри еден од најглемите случаи на недоставена пошта во земјата, а деновиве уште еден поштар е откриен дека не ја доставувал поштата. Поштарот на возраст од 33 години во Торино не ја доставувал поштата три години, а на полицијата и рекол дека тоа го правел затоа што платата била многу мала, па лани дал и отказ.

Но, 400 килограми пошта останале во неговиот дом, а можело и никогаш да не биде откриена, но полицијата го сопрела поштарот на рутинска проверка на пат, па нашла во автомобилот 20 см нож и 70 писма на задното седиште. Кога отишле во неговиот дом пронашле уште 400 килограми писма никогаш не доставени до крајните примачи. „Не бев доволно плате, па се откажав“, вели поштарот.

Сега се соочува со обвиненија за кражба, неизвршување работа и поседување оружје.

Во јануари, 56-годишен поштар беше откриен дека не доставувал пошта осум години. Кај него беа најдени 573 килограми писма, меѓу кои телефонски сметки, банкарски извештаи, даночни формулари и други писма во неговата гаража, во Бреганзе, Виченца. Волонтери на фирма за рециклирање ги забележала поштенските кутии во неговата гаража и пријавиле.

Во 2013 година на островот Сардинија беше пронајдена недоставена пошта од околу 400 килограми од последните пет години. За недоставување пошта, поштарите може да добие до една година затвор.