Иванов ќе има канцеларија во „Џевахир скај сити“

од desk2

Претседателот Ѓорге Иванов, по завршувањето на мандатот, што истекува за три дена, ќе се пресели во кулите на „Џевахир“ во Аеродром.

Во видеото изработено од „360 степени“ се вели дека претседателот самиот го побарал тоа. Иванов беше кум на свадбата на еден од синовите на Џевахир.

Законот за правата на поранешниот претседател му обезбедува на Иванов пензија од околу 100.000 денари месечно, канцеларија со тројца вработени по негов избор, лично обезбедување, службено возило и возач.

Слични содржини