Ивановска: Ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет за набавката на вакцините, но треба да се огласи и Обвинителството

Во рамки на настанот врзан за набавката на вакцините, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска посочи дека на денешниот колегум ќе се одлучува за тоа дали ќе се отвори предмет по оваа информација.

„Не изнандија овие информации од утринава. Со тоа повторно доаѓаме во ситуација да видиме дека нашиот систем не функционира, дека постои неорганизиран процес на набвака, дека начинот за набавка на вакцините не е прецизно утврден. Ризиците од корупција повторно доаѓаат на високо ниво, дотолку повеќе што гледаме дека се набавува од приватн фирми, односно се преговара со приватни фирми, не се користат стандардните државни канали и се на се ова ја нарушува довербата. Иако биле најдобри намерите, ваквиот начин ја нарушува довербата на граѓаните во институциите. Ние на денешниот колегиум ќе разговараме и за ова и ќе видиме дали ќе се зафатиме и со овој случај, бидејќи ни се зголеми бројот на предмети од ваков тип. Мислам дека сепак, покрај ДКСК, има работа и за другите институции, како Обвинителството. Од таму треба да излезат со свој став по ваквите поголеми случаи, кои заслужуваат внимание“, истакна Ивановска.

 

Слични содржини