Изгаснати два пожара во Македонска Каменица

од Stefanija Kuzmanovska

Изгаснати се пожарите кои утрово избувнаа во близина на градската депонија и ХЕЦ „Калиманци” во Македонска Каменица. Во гаснењето на терен учествуваа екипи на Територијалната противпожарна единица и доброволното противпожарно друштво „Саси“ од Македонска Каменица од каде информираат дека интевенирано е на два пожара кои се појавиле на таа локација.

-Комбиниран тим од ТППЕ Македонска Каменица и ДПД „Саси“ денеска интервенираа на два пожара, еден во близина на хидроцентрала Калиманци и вториот во непосредна близина на градската депонија. Пожарите се локализирани, а тимовите се уште се на терен и работат на спречување на повторно палење – информираа од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.

Упатија апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и веднаш да пријавуваат несовесно однесување во природа.

-Ова е период кога пожарите се чести поради што апелираме на совесност на граѓаните и навремено пријавување на секоја појава на огнена стихија – додадоа од ТППЕ Македонска Каменица.

Слични содржини