Изгласана недоверба, падна владата на Петков

од Nikola Popovski

Падна владата на бугарскиот премиер Кирил Петков, откако денеска беше изгласана недоверба од мнозинството пратеници во Бугарското народно собрание.

За предлогот на ГЕРБ на Бојко Борисов за изгласување на недоверба на второто гласање се изјаснија 123 пратеници, а против беа 166. Според деловникот на бугарското собрание може да има две гласања – прво и повторено. Во првото гласање, за соборување на владата гласаа 124 пратеници.

Против владата на Петков гласаа ГЕРБ, ДПС, Преродба и Има таков народ, додека ја поддржаа Продолжуваме со промената, БСП, Демократска Бугарија и шестемина пратеници кои ја напуштија партијата на Слави Трифонов.

Слични содржини