Изгореа две куќи, повредена жена- скокнала од катот да се спаси

од Берта Китинска

На 22.04.2020 во 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ настанал пожар во кој биле зафатени две куќи, сопственост на Ј.Б.(44) и И.И.(45), соопшти полицијата.

Во пожарот Ј.Б. се здобила со повреди, откако скокнала од кат од куќа, по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран и извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини