Изградба на Коридорот 8 кон Бугарија фокус на разговорот на Бочварски со потпретседателката на ЕИБ

од Vladimir Zorba

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со Лилјана Павлова, потпретседател на Европската инвестициска банка.

На средбата се отворија прашањата за инвестициите во железничката инфраструктура, со фокус на изградба на Коридорот 8 кон Република Бугарија.

Министерот Бочварски ги претстави инвестиционите планови за изградба на железничкиот Коридор 8, конкретно делницата Крива Паланка – Деве Баир, како еден од приоритетите на државата.

„Особено ми е драго што ја реализиравме оваа средба со госпоѓата Лилјана Павлова, потпретседател на Европската инвестицска банка. Министерството за транспорт и врски има тесна соработка со оваа банка во финансирање на проекти од комуналната сфера во сите општини во државата. Денешната средба беше во фокус на финансирање на изградбата на третата делница од пругата Република Бугарија, на потегот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. На средбата ги потенцирав националните интереси во делот на железничкото поврзување со Република Бугарија, како клучен аспект за развој на регионалното поврзување и економијата во целина. Овој проект е приоритет за Владата и верувам дека набрзо ќе ја заокружиме финансиската конструкција и ќе започнеме со изградбата на пругата. Би сакал да потенцирам дека за првата и втората фаза, од Куманово до Крива Паланка, веќе имаме обезбедено средства и очекувам набрзо да склучиме договор со изведувач.“ – изјави министерот Бочварски.

На средбата присуствуваше и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, кој ги презентираше развојни планови за изградба на железничката инфраструктура во Република Северна Македоинја.

На средбата двете страни заеднички ја потврдија активната соработка со можност да се продолжи во следниот период.

Европската инвестициска банка е силен поддржувач на Министерството за транспорт и врски во реализација на проектите во комуналната инфраструктура за изградба на водоводни и канализациони системи во општините во Република Северна Македонија.

Слични содржини