„Излези За“ ќе маршира во Скопје, ВМРО ДПМНЕ во Штип

од desk4

Коалицијата Заедно за европска Македонија денеска во Скопје организира Марш за европска Македонија кој е предвидено да заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје.
Маршот започнува во 13.30 пред зградата на Црвениот крст, а ќе заврши пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот, кога започнува официјалната програма на големиот граѓански собир на којшто ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, актерката и синдикален претставник, Сања Арсовска и новинарот Томислав Кежаровски.
Речиси истовремено, во Штип е најавен протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе започне кај црквата Св. Никола во Штип.
На собирот ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски.

Слични содржини