Измени на Законот за лична карта пред собраниската правна комисија

од Берта Китинска

Денеска собраниската Законодавно-правна комисија на седница ќе расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање.

Законодавно-правна комисија на седницата треба да расправа и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од Љатифе Шиковска.

Личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија”, издадени до денот на почнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

Според Владата која е предлагач, Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта нема да предизвика фискални имликации и за неговото спроведување не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на државата.

– По донесување на Уставниот закон и Законот за употреба на јазиците, Министерството за внатрешни работи потпиша Рамковна спогодна за набавка на хардвер и софтвер за изготвување на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци), за чија реализација беа обезбедени финансиски средства во Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 6 563 436,45 евра и веќе, согласно утврдена временска динамика, се врши исплата. Наведените финансиски средства се однесуваат за целиот пакет на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци). Истовремено, укажуваме дека финансиските средства се враќаат согласно динамиката на издавањето на личните документи на граѓаните, стои во предлог-текстот на Законот.

Слични содржини