Израел нападна два главни аеродроми во Сирија – има мртви

од Vladimir Zorba

Израелските напади на аеродромите во Дамаск и Алепо ги онеспособиле и убиле најмалку двајца работници, објавија сириските државни медиуми. Државната сириска новинска агенција (САНА) објави дека ракетните напади рано во неделата биле симултани и дека пистите биле оштетени.

Сириското Министерство за транспорт соопшти дека сите дојдовни летови за Дамаск и Алепо се пренасочени кон меѓународниот аеродром во Латакија. Сириската опсерваторија за човекови права ги потврди нападите и рече дека тоа е трет пат во 10 дена Израел да го погоди аеродромот во Алепо.

Израелската војска не ги коментираше извештаите, но Израел го обвини Иран дека со авион им доставува оружје на милитантните групи активни во Сирија.

Иран е главниот поддржувач на сирискиот претседател Башар ал-Асад од почетокот на бунтот против неговото владеење во 2011 година. Израел редовно бомбардира цели во соседна Сирија разурната од војна, во обид да го спречи големиот ривал Иран да го прошири своето влијание таму.

Слични содржини