Израелскиот премиер Нафтали Бенет се повлекува од политиката

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Нафтали Бенет најави дека нема да се кандидира на претстојните парламентарни избори и дека ќе се повлече од политичкиот живот.

Како што најави премиерот во заминување, тој ќе остане на вицепремиерската позиција до изборите што треба да се одржат наесен, а во своето обраќање до нацијата изјави дека е горд на постигнувањата на израелската влада, пренесоа агенциите.

„Нема да се кандидирам на претстојните избори, но ќе останам верен војник на оваа земја во која служев како војник, офицер, министер и премиер. Службата на оваа земја е мојата судбина“, рече Бенет, додавајќи дека тој зад себе ќе остави силна држава.

Слични содржини