Израелското Министерство за здравство објави дека открило помал број на воспаленија на срцевиот мускул кај помлади мажи кои ја примиле вакцината против коронавирус на Фајзер/Бионтек.
Од друга страна, Фајзер изјави дека не забележал поголем број случаи на миокардитис, кој би се очекувал кај поголем дел од популацијата.
Во Израел, откриени се 275 случаи на миокардитис помеѓу декември и мај, меѓу пет милиони вакцинирани лица, соопшти Министерството по направената студија за испитување на ова прашање, објави „Ројтерс“.
Повеќето пациенти кои имале миокардитис не поминале повеќе од четири дена во болница и 95 отсто од случаите биле класифицирани како лесни.
„Студијата открива дека „постои веројатна врска помеѓу приемот на втора доза на вакцината на „Фајзер“ и појавата на миокардитис кај мажи на возраст меѓу 16 и 30 години“, се вели во соопштението.
Според наодите од студијата, таквата врска е забележана повеќе кај мажите на возраст од 16 до 19 години, отколку во другите групи.
Фајзер во изјавата рече дека е свесен за израелското откритие на миокардитис, но додаде дека не е воспоставена врска со нивната вакцина.