Извајана фигура и природен изглед: Шерон Стоун позираше во бикини седмата деценија (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Шерон Стоун на 10 март го прослави својот 65-ти роденден.

Во текот на досегашната кариера има одиграно многу забележителни улоги, од кои секако најпозната е онаа во Basic instinct, каде партнер ѝ беше познатиот Мајкл Даглас, кој во тоа време веќе беше ѕвезда.

Сите дефинитивно се сеќаваат на сега веќе легендарната сцена од споменатата продукција, кога ликот кој го глуми Шерон е во полициска станица, во краток фустан и ги прекрстува нозете, а одоздола не носи долна облека.

Актерката често се појавуваше во провокативни изданија, а со нив успева да изненади и денес, во седмата деценија од животот.

Таа неодамна на Инстаграм објави фотографија во бикини со која објави дека е подготвена за лето.

Оваа фотографија предизвика лавина коментари, многумина ѝ порачаа на Шерон дека изгледа одлично и ја пофалија што останала природна и своја, а не се срами од покажување на можните несовршености, ниту пак се труди да ги сокрие годините, туку гордо ги истакнува.

Слични содржини