Ја запреа случајно, а нејзиното пеење на „Shallow“ никого не остава рамнодушен

од Elena Daskalova

Британецот Кевин Фрешвотер снимал видео како запира луѓе по улица, почнува да пее, а луѓето треба да ја довршат песната.

Некои го одбиле, некои запеале заедно со него, но тогаш ја сретнал 30-годишната Шарлот Обери, која заедно со него ја испеа „Shallow“, можеби најголемиот хит од минатата година, од филмот „Ѕвездата е родена“.

Видеото на сите платформи каде е објавено веќе има над 20 милиони прегледи, а најчестите коментари се дека треба оваа девојка да направи светска кариера. Таа засега пее само на приватни забави, но нејзините бликски се надеваат дека после ова видео конечно ќе го искористи својот талент во вистински правец.

https://www.instagram.com/p/B81e6Skh7ak/

Слични содржини