„Јанош“ остави пустош зад себе во Грција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Ураганот „Јанош“ од вчера прави хаос во Грција. Две лица загинаа, додека едно се води како исчезнато во поплавите што ја погодија Тесалија синоќа, а денес и Крит стана жртва на „Јанош“. Од 17 часот, многу делови на островот немаат електрична енергија.

Рекордни количини на дожд паднаа во градот Хераклион, што доведе до затворање на мостовите. Поголемиот дел од улиците во градот се поплавени, а скоро сите локали се под вода.

– Водата носи сè. Во овој момент не е безбедно да се биде надвор. Многу улици се непроодни поради поројите, поплавени се локалите – сведочат локалните жители.

Во најсилниот удар на невремето, летовите беа повторно пренасочени. Најмалку три авиони мораа да се откажат од слетување на аеродромот во Ираклион и да побараат дозвола да слетаат на друго место.

Да потсетиме, во Тесалија, невремето однесе два живота, предизвика огромна материјална штета, а повеќе од 900 лица беа евакуирани. Властите ги идентификувале жртвите како постара жена која била пронајдена во нејзината поплавена куќа и 63-годишен овчар кој бил однесен од надојдената вода.

Слични содржини