Јапонците масовно го загреваат тутунот – дали драстично ќе падне продажбата на цигари во светот?

од Stefanija Kuzmanovska

Иако се верува дека пушењето е најпопуларно во посиромашните земји, Јапонија не е таков пример – тоа е една од најпознатите технолошки напредни земји, со најдолг животен век и меѓу највисоките стапки на пушачи.

Различни рестриктивни и стимулативни мерки во Јапонија се обидоа да го намалат бројот на пушачи – во некои компании на непушачите дури им беше даден неколкудневен одмор, цигарите станаа поскапи, а пушењето беше забрането во сите населби во Токио. Се до остриот пад на продажбата на цигари, кој, според резултатите од истражувањето, не беше предизвикан од споменатите мерки.

Само во последните пет години продажбата на цигари е дури 38 проценти помала. Истражувајќи ги причините, неодамнешната студија спроведена од американски истражувачи од Јужна Каролина и Канада дошла до заклучок дека Јапонците не го оставаат тутунот – сите тие едноставно не го палат до тој степен, туку го загреваат.

Имено, студијата ја потврдува поврзаноста помеѓу драстичниот пад на продажбата на цигари во Јапонија во последните пет години, со појава на уреди што загреваат тутун, пред се IQOS, кој е присутен на овој пазар од 2015 година. Исто така, истакнува дека замената на традиционалните цигари со уреди за загревање на тутунот има голем потенцијал да поттикне стратегија за намалување на штетите од последиците на долгорочното пушење цигари.

Ова е очигледно насоката што почнуваат да ја преземаат од другата страна на океанот, во Америка, каде што Управата за храна и лекови на САД (ФДА) го класифицираше уредот што јапонците масовно го користат како „производ со модифициран ризик“ и им овозможи на потрошувачите да бидат информирани за намалената изложеност на штетни материи при употреба на IQOS.

Мич Зелер, директор на Центарот за контрола на тутун на ФДА, ја објаснува оваа одлука со фактот дека достапните научни докази покажуваат дека „овие производи со овластени информации можат да им помогнат на возрасните пушачи да се откажат од пушењето и да ја намалат изложеноста на штетни материи, но само доколку се префрлат целосно на IQOS“.

Се проценува дека во моментов има близу 40 милиони пушачи во Америка. Дали „јапонското сценарио“ ќе биде применето во овој случај, ќе покажат и резултатите од набљудувањето на пазарот, каде беше претставен уредот за греење на тутунот на крајот на минатата година.

Слични содржини