Јапонците во Токио ќе градат дрвен облакодер

од desk2
112 прегледи

Јапонската компанија Sumitomo Forestry планира да изгради највисок дрвен облакодер на светот за да ја одбележи својата 350 годишнина во 2041 година. Дрвениот облакодер наречен W350 ќе биде висок дури 350 метри.

Од комапнијата велат дека десет отсто од 70-катниот W350 облакодер ќе биде челик во комбинација со 180.000 метри кубни автохтоно дрво доволно за изградба на дури 80.000 куќи.

Комплетната цевкаста структура на облакодерот ќе биде зајакната со дијагонални протези кои ќе го штитат од чести земјотреси во Токио. Според проектот, секој балкон и прозорец ќе биде украсен со билки, па целата конструкција ќе изгледа како огромно дрво со лисја.

Јапонците предвидуваат дека изградбата на облакодерот W350 ќе чини близу 4,5 милијарди евра, што е двојно повеќе од трошоците за изградба на вообичаен облакодер со таа големина.

Студентскиот центар во Ванкувер, со височина од 53 метри, во моментот е највисоката дрвена зграда на светот.

Просторот во облакодерот W350 во Токио би се користел за продавници, канцеларии, апартмани и слично.