Јеремиќ: Бојкот на изборите затоа што не можете да бидете паразит во системот кој сакате да го промените

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Народната партија на Србија, Вук Јеремиќ изјави дека бојкотот на изборите е единствениот чесен и вистински пат за да се почне со промена на системот кој се заснова на лага.

Тој во Крушевац разговарал со членовите на локалните одбори на Народната партија од Расинскиот округ, истакнувајќи дека партијата ќе ги бојкотира парламентарните, и локалните избори затоа што како што оцени „не можете да бидете паразит во системот кој сакате да го промените“

„Ние во ова сме искрено до крај, нема лага и измама, креирање на фантомски групи граѓани, Народната партија не е дел од таков вредносен систем. Дадовме збор, ќе ги бојкорираме републичките, покраинските и локалните избори, кој тоа не е во состојба да го направи за него нема да има место во Народната партија. Тоа не го одлучив јас, тоа е одлука на партиските органи“, наведе Јеремиќ.

Според неговите зборови кампањата на бојкотот ќе биде интензивна „како кога станува збор за кампања за избори“.

Слични содржини