Јовановски: Зошто ВМРО-ДПМНЕ кои сега ја поздравуваат црната листа, го блокираат Законот за рестриктивни мерки?

Тој додаде дека е јасна пораката зошто Катица Јанева се најде на црната листа, а тоа е дека САД се лути што проектот СЈО беше миниран

од Бети Божиноска

„Зошто ВМРО-ДПМНЕ, кое сега ја поздравува црната листа на САД, зошто Антонио Милошоски го држи Заокнот за рестриктивни мерки во комисија? Зошто не го пушти на пленарка, на гласање? Да не се плаши од нешто“ праша новинарот Борјан Јовановски во поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека е јасна пораката зошто Катица Јанева се најде на црната листа, а тоа е дека САД се лути што проектот СЈО беше миниран

„Ме чуди репликата на ВМРО-ДПМНЕ влегуваат во судир со ставот на американците и велат дека Катица Јанева е на лситата бидејќи СЈО беше да произведува политички монтирани процеси. Не. СЈО беше формирано како резутлат на крајно узурпирана држава“ рече Јовановски.

Слични содржини