Јуве размислува да го врати несреќниот Мората

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, не е задоволен од неговата позиција во Лондон и има намера да се врати во Серија А.

Според весникот „Тутоспорт“, Јувентус сериозно ја разгледува можноста за изнајмување на Шпанецот со право на последователен откуп од 35 милиони евра.

Мората веќе играше за тимот од Торино помеѓу 2014 и 2016 година. Тој постигна 27 гола во 93 натпревари на сите турнири за „старата дама“.

Слични содржини