Јувентус и Дибала на чекор од нов договор

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала е се поблиску до нов договор со клубот, пишува „Газета Дело Спорт“. Според информациите, договорот на играчот ќе биде до 30 јуни 2025 година, а преговорите се пред завршување.

Актуелниот договор на Дибала истекува на крајот на сезоната, а разговорите за новиот договор се одолговлекуваа поради несовпаѓање на финансиските услови. Планот е 27-годишниот Аргентинец да добива 10 милиони евра годишно, заедно со бонуси.

Дибала во моментов се опоравува од повреда, но се очекува да биде подготвен за натпреварот против Рома на 17 октомври.

Слични содржини