Јувентус очекува сериозни приходи од шест продажби

од Vladimir Zorba

Се очекува Јувентус да направи прилично сериозна чистка во својот тим на лето. Најмалку шест играчи ќе бидат ставени на продажба, а може да има и повеќе. „Тутоспорт“ пишува дека „црно-белите“ се надеваат дека од предметните трансфери ќе соберат доста сериозни суми, кои потоа ќе можат да ги реинвестираат во привлекување на други фудбалери.

Првите двајца кои се извадени на „тезга“ се Филип Костиќ и Мојс Кин. „Бјанконерите“ поставија цена од 8-10 милиони евра за првиот за кого е заинтересиран Кристал Палас. Кин ќе си замине доколку клубот добие понуда во опсег од 15-20 милиони евра.

Друг играч кој се очекува да биде продаден е Дин Хајсен. Младиот Холанѓанец моментално е на позајмица во Рома и „волците“ сакаат да го задржат во своите редови. Тие се надеваат дека ќе ја продолжат неговата позајмица, но Јувентус претпочита директна продажба, откако постави цена од 30 милиони евра. Интерес за него има од Борусија (Дортмунд).

„Старата дама“ е подготвена да се раздели со уште еден млад талент во лицето на Матијас Соуле. Аргентинецот уште поскапо е проценет на 35-40 милиони евра. Сепак, него го следат неколку клубови од Англија, за кои ваквата сума не би требало да биде проблем. Меѓу нив се Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас, Астон Вила и Брентфорд.

Двајца други играчи кои се очекува да бидат продадени се Артур и Каио Џорџ. Првиот досега беше на позајмица во Фиорентина, но „виолетовите“ не ја платија неговата откупна клаузула од 20 милиони евра. Јуве ќе се надева дека ќе најде друг клуб кој ќе ја плати таа сума. Хорхе играше како позајмен во Фросиноне, а сега се зборува дека го бара Спортинг (Лисабон). За него тимот од Торино ќе бараат најмалку пари – околу 4-5 милиони евра.

Слични содржини