Јужноафриканскиот вид на коронавирус пристигна во Франција

од Nikola Popovski

Првиот случај на новиот вид на коронавирус идентификуван во Јужна Африка е откриен во Франција, соопшти денеска француското Министерство за здравство.

Ова беше објавено неколку дена откако во Франција беше регистриран првиот случај на инфекција со новиот вид на короната откриен во Велика Британија.

Јужноафриканскиот вид, како и британскиот, може полесно да се пренесува и шири.

Тој беше потврден вчера кај маж кој се вратил од Јужна Африка и живее во областа Горна Рајна, во близина на границата со Швајцарија, соопшти Министерството.

Слични содржини