Полска: Украина има право да напаѓа воени цели во Русија

од Vladimir Zorba

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски повика на долгорочно повторно вооружување на Европа, нагласувајќи дека се залага за најголемо можно вклучување на Велика Британија во одбранбените структури на ЕУ, што е неопходно, како што наведе, „да се поразат руските империјални амбиции“.

Сикорски посочи дека Европа заостанува на полето на вооружувањето поради долгогодишните недоволни инвестиции во одбранбената технолошка и индустриска база на ЕУ.

Сикорски во интервју за „Гардијан“, за време на посетата на Лондон, каде што се сретна со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, истакна дека Полска верува дека „Украина има право да напаѓа воени цели во Русија“.

Слични содржини