Кај двајца скопјани пронајдена и одземена марихуана

од Radmila Tasevska

Денес во 00.40 часот на ул.„Михаил и Ефтихиј“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така денес во 02.15 часот на ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(22) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини