Каевски: Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата

од Vladimir Zorba

„Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија. Мицкоски и Силјановска едно зборуваат јавно, друго прават зад грбот на народот“, соопшти денеска на прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Луѓе кои што го едно зборуваат а друго прават не можат да донесат ништо добро. На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат“, истакна тој.

СДСМ, според Каевски, е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина.

„Со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, порача тој.

Слични содржини