Кафенце утро? Да, но со какао!

од Vladimir Zorba

Научниците кажаа како може да го направиме кафето максимално корисен пијалак

Експертите советуваат ека треба да додадемево утринската чашка кафе малку какао. Тоа ја зголемува концентрацијата и ги смирува нервите, пишуваат колегите во Global News. Експертите спроведоа експеримент, споредувајќи ги ефектот од четири топли пијалаци – со какао, со кофеин, со комбинација од двете состојки и една, главната улога на плацебо.

Отпрвин на сите пијалаци им додаделе специјален засладувач, а на волонтерите им го затнале носот, за да не ги почувствуваат мирисите им било предложено да испијат еден од пијалаците, па да направат тест за проценка на менталната сила.

Се покажало дека реакцијата на оние што пиеле какао е добра, а најдобри резултати се покажале кај оние што пиеле кафе со додаток на какао. Важно е да се напомене дека какаото успева да ги ослабне непријатните и несакани ефекти на кофеинот – анксиозноста. Какаото го зголемува протокот на крв во мозокот, што го зголемува вниманието и ја засилува способноста за учење. И во тоа е тајната на неговата сила.

Кофеинот влијае на расположението на луѓето. Резултатите кај групата што пиеле само пијалак со кофеин, биле полоши. Затоа додавање на какао го намалува интензитетот на емоциите и го намалува нивото на вознемиреност.

Слични содржини