Кај 18-годишник од Грчец пронајдени два ножа

од Milan1

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28 ноември) околу  11 часот и 40 минути, во тетовско Стенче, при контрола на патничко  возило „бмв”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(18) од скопски Грчец, во кое се превезувале уште две лица од истото село на возраст од 18 години, пронајдени се два ножа, кои со потврда се одземени.

Против Е.А. ќе следува соодветен поднесок од Законот за оружје, информираат од МВР.

Слични содржини