Како брзо да ја исушите облеката во зимските денови

363 прегледи

Во зимските денови облеката тешко се суши бидејќи нема доволно сонце, а влажноста е поголема.
Проблемот настанува кога облеката нема да се исуши навреме па од предолгото стоење во оваа положба почнува непријатно да мириси, па треба повторно да ја перете.

Во продолжение прочитајте неколку совети за тоа како да ја исушите облеката во зимските денови, исто како да е лето.

Проветрувајте и не сушете на радијатор

Некои од нас едниствена опција им е да ја сушат облеката внатре. Во тој случај важно е да направите струење на воздухот и редовно да проветрувате. На овој начин облеката побрзо ќе се исуши и нема да се собираат бактерии.

Не полнете ја сушарата
Доколку надвор има сонце, облеката изнесете ја надвот. Може да се случи таа да замрзне, но кога ќе ја внесете внатре, на собна температура, за брзо ќе биде сува.

Трикот со пешкир

Доколку имате машина за сушење, имаме еден совет до вас. Внатре заедно со влажната облека, ставете еден сув пешкир. Тој ќе ја впие целата влага која се создава во машината, но и самиот со тек на време ќе се исуши. Вака облеката побрзо ќе биде сува и ќе биде понежна и помека.

Полусувата облека испеглајте ја веднаш и немојте да чекате да се исуши потполно. На тој начин ќе биде полесна за пеглање, а пеглата дополнително ќе ја исуши и дезинфицира.

Слични содржини