Како функционира Slow-Motion режимот во Samsung Galaxy S9 и Galaxy S9 + (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Камерите се едно од најинтересните подобрувања што ги видовме во Samsung Galaxy S9 и S9 +. Сопствениците на паметни телефони ќе имаат можност да направат Slow-Motion видео записи со брзина од 960 фрејмови во секунда. Ова е значително подобрување во однос на 240fps поддршка за Galaxy S8 и Galaxy S8 +. За да се постигне овој ефект, Samsung користи нов модул за камера кој е изграден од три одделни компоненти. На врвот е CMOS сензор кој е четири пати побрз од оној на Galaxy S8.

Благодарение на тоа, компанијата успеа да постигне т.н. „Buttery-Smooth“ ефект што ви овозможува снимање на видео со 960 фрејма во секунда. Висококвалитетните снимки се загарантирани со дополнителен DRAM чип кој го надополнува главниот CMOS сензор на паметни телефони, објави официјалниот сајт на компанијата. Тука е моментот да се забележи дека способноста за снимање на видео со забавено движење со 960 фрејма во секунда е достапно само со HD резолуција од 1208×720 пиксели.

Инженерите на Samsung работат напорно за да ја зголемат оваа вредност во нивните следни паметни телефони со високи перформанси. Slow-Motion видео технологијата во Galaxy S9, исто така, го подобрува снимањето во отсуство на доволно амбиентално светло. Многу аналитичари очекуваат слични карактеристики да бидат поддржани од Samsung Galaxy Note 9. Официјалната премиера на уредот ќе биде на крајот на август или на почетокот на септември, кога ќе се одржи IFA 2018 година.

https://www.youtube.com/watch?v=sONQezLgffk

Слични содржини