Жените на нацистите биле сметани за столб на општеството, за нив Хитлер сметал дека не треба да работат, туку да раѓаат што повеќе деца.

Најважна улога за жената била мајчинството со цел да се зголеми ариевската раса, да се произведе повеќе работна сила и да им се овозможи на Германците да завладеат со светот како супериорни.
Еден од првите закони што ги донел Хитлер е оној од 1933 година според кој државата им позајмувала по 1.000 марки на паровите за да стапат во брак. Постоел и начин со кој се избегнувало враќањето на парите, за раѓање на едно дете долгот се намалувал за 25%, за две деца 50%, за четири деца израмнето, немаат долг кон државата.
Постоела и друга долгорочна цел, за да расте Германија биле потребно повеќе војници. Во 1943 година се размислувало за вовоедување закон според кој секоја плодна жена морала да има 4 деца, од расно чисти татковци. Заговорник на идејата бил Хајнрих Химлер, според него таткото на децата по извршување на целта ќе бил ослободен од бракот за да оплоди уште жени. Овој закон никогаш не бил одобрен.
На 12 август, роденденот на мајката на Хитлер, се доделувал Мајчински крст на жените кои раѓале најмногу деца. Златен крст добивале жените кои раѓале по 8 деца, сребрен за оние со 6 деца, а бронзен за оние со само 4 деца.
Хитлер сметал дека жените не треба да работат, туку да раѓаат и да го задоволат својот маж. Пред да дојде на власт во Германија имало околу 100.000 жени учителки, 3.000 докторки и околу 13.000 музичарки. Неколку месеци по неговото доаѓање многу вработени жени добиле отказ.
Како домаќинки и мајки животот на жените во Германија бил лесно контролиран. Не им било дозволено да ја фарбаат косата, не смееле да бидат слаби бидејќи јаките и крупни жени биле здрави и носеле здрави деца на свет, додека слабите имале многу комплицирани бремености. Од истата причина не им било дозволено пушењето цигари.