КАКО ИЗГЛЕДА МЕГАН МАРКЛ КОГА ОДИ НА ШОПИНГ? Имиџот го „земала“ од позната актерка? (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Откако беше критикувана од колегите актери за нејзината изјава дека е ангажирана да „игра будала“ во американскиот ТВ квиз „Deal or No Deal“, Меган Маркл отиде на шопинг-терапија.

Актерката и војвотката од Сасекс е видена како оди во продавница за спортска облека со пријателка, а заминува со полни торби.

Војвотката носеше краток комбинезон во маслинести тонови, додека на рамениците имаше обвиен зелен џемпер. Со темни очила и шапка со широк обод, Меган Маркл неодоливо потсетува на Анџелина Џоли и нејзиниот стил на облекување.

Комбинезонот е дело на модниот бренд „Монтесито“, а е опишан како многу модерно и удобно парче облека. Од друга страна, џемперот го носи потписот на „Ралф Лорен“, а војвотката на нозете носеше сандали од „Ема Парсонс“.

По купувањето, Меган е видена како оди на ручек со пријател, а потоа дома.

Внимателно ја следеле телохранителите кои се погрижиле актерката безбедно да стигне до сопругот и децата.

Слични содржини