Како кофеинот може да ја смири главоболката?

од Elena Daskalova

Сигурно сте забележале дека некогаш кафето ви ја смирува непријатната главоболка, но и дека се случило наместо тоа, сериозно да ја влоши.

Кофеинот најмногу помага при главоболки предизвикани од ширењето на крвните садови во мозокот, бидејќи помага и во нивното стеснување. Исто така, може да ве ослободи и од тензичната главоболка. Во овој случај не смеете да претерате со количината, бидејќи премногу кофеин ја влошува тензичната главоболка.

Тој различно делува врз секого, па не можете да очекувате дека постои доза која е ефикасна. Можеби ако вам ви е доволна една шолја кафе, на некого да му требаат само две голтки за да се почувствува подобро.

Важно е и да знаете дека различно влијае и изворот на кофеинот. Најдобро е да ги избегнувате енергетските пијалаци. Многумина се согласуваат дека при вакви главоболки кафето е најдобар избор.

Слични содржини