Каков татко, таква ќерка! Лени и Зои Кравитц го украдоа вниманието на модната ревија

Рок ѕвездата Лени Кравитц освен по музиката познат е и по својот сексипил кој со години не бледее, но и по посебниот стил кој го негува, а кој го наследи и неговата ќерка Зои.

А дека се вистински пар кој мами погледи, таткото и ќерката тоа го потврдија на ревија на модната куќа Saint Laurent во склоп на модната недела во Париз на која заедно се појавија.

И двајцата за оваа пригода се облекле во креации на домаќинот. Лени беше во црно одело, со пругасто сако и црна кошула. а Зои беше облечена во нешто по лежерно, но впечатливо. Светли фармерки, со сребрена металик блуза и црни сандали.

Ова не е прв пат таткото и ќерката да се појават на некој настан, напротив, Зои го следи на црвениот тепих уште од мала.

За потсетување, Лени ја добил Зои додека беше о брак со актерката Лиса Бонет, која сега е во брак со Џејсон Момоа.

Слични содржини