Калкин ќе глуми во американската серија: Уживам на сетот

Десетата сезона на серијата „Американска Хорор Приказна“ пополека започнува да го добива ликот. Продуцентот Рајан Марфи ги откри улогите за следната сезона. Ќе глумат актерката Сара Паулсон и актерот Еван Петерс, кои во серијата се појавиле и минатата сезона, пишува Холивуд Репортер. Меѓу останатите, во серијата ќе се појави и Меколи Калкин, кој веќе подолго време не сме го гледале на малите екрани.

– Сакам да глумам, уживам на сетот- рекол Калкин, кој својата популарност ја стекна во филмот „Сам дома“.

Раната актерска кариера му донесе голема слава и дебела банкарска сметка поради што стана долгогодишен зависник од хероин, на кој трошеше илјадници и илјадници долари.

– Толку сум богат што можам цело време да седам и гледам телевизија, а и понатаму ќе имам доволно пари за факултет за моите деца – изјавил своевремено.

По пропаднатиот брак со Рашел Минер со која се разведе во 2002 година и осумгодишната врска со актерката Мила Кунис, Калкин од летото 2017 година е во врска со американската актерка Бренда Сонг.

Слични содржини