Камчев останува во „Шутка“: Кривичниот суд му ја одби жалбата

од Nikola Popovski

Одбиена е жалбата на бизнисменот Орце Камчев, па така тој останува во притвор во „Шутка”.

Од кривичниот суд Скопје потврдија дека жалбата на Камчев денеска ја разгледал надлежниот совет и ја отфрлил.

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по жалба поднесена од одбраната на Ј.К. против решение на судија на претходна постапка од 14.03.2021 година, донесе решение со кое жалбата се одбива и се потврдува решението на судијата на претходна постапка со кое на обвинетиот му се определува 30 дневен притвор по предлог на Основното јавно обвинителство“, информираат од Судот.

Камчев е во притвор од недела, откако АНБ издаде службена белешка за подготовка на бегство во Бугарија.

Од АНБ нема никакви официјални информации за тоа што пишувало во нивната службена белешка и за каква национална безбедносна закана се работи.

Камчев беше приведен во неделата по информации на АНБ дека се подготвува за бегство. Обвинителката Лиле Стефанова побара притвор за Камчев како осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”.

 

Слични содржини