Камерата на Мет Хенкок била „наместена за да го фати“

од Stefanija Kuzmanovska

Камерата што го фати моментот кога Мет Хенкок ја бакнуваше неговата помошничка, наводно била намерно преместена со цел да го фати на дело.

Поранешниот министер за здравство беше во центарот на неодамнешниот скандал, откако протекоа видео снимки на кои се бакнува со Џина Коладанџело.

Двојката, и двајцата во брак со други луѓе, можеше да се види како се бакнува во канцеларијата на Хенкок.

Оттогаш Хенкок се повлече од својата улога на министер за здравство откако доби реакција за прекршување на правилата за социјално дистанцирање и за изневерување на неговата сопруга со која 15 години е во брак.

По оставката на Хенкок, на негово место се најде Саџид Џејвид.

Слични содржини