Камерите го фатија моментот од стравичната авионска несреќа во Иран (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Безбедносните камери кои се наоѓале во близина на местото на падот на украинскиот авион ја снимиле несреќата која се случи во Иран.

Прво се осветли тлото, а подоцна се гледа отсјај од огромна експлозија и како на земја паѓаат запалени делови од трупот на авионот.

За потсетување во средата во пад на украинскиот авион загинаа сите 176 патници и екипажот.

Авионот полетал од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во иранската престолнина кога се запалил еден од моторите, изјави портпаролот на иранската служба на сообраќај Касим Бинијаз.
Пилотот ја загубил контролата над авионот кој се срушил, наведе Бинијаз.

Слични содржини