Канада ја повика компанијата „Мета“ да дозволи споделување на информации за пожарите

од Stefanija Kuzmanovska

Канадската влада денеска ја повика компанијата „Мета“, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, да ја откаже одлуката со која на канадските медиуми им беше забрането да споделуваат содржина на нивните платформи.

Министерот за транспорт Пабло Родригез рече дека забраната треба да се укине за да им се овозможи на Канаѓаните да споделуваат информации за шумските пожари што ја зафатија земјата.

Тој на прес-конференција рече дека забраната е „неприфатлива“, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини