Канје Вест е во потрага по нова љубов: Сега не сака старлета, туку уметничка

од Nikola Popovski

Иако сè уште официјално не се разведе од Ким Кардашијан, контроверзниот рапер Канје Вест веќе размислува да влезе во нова врска.

Имено, Канје е во брак со Ким веќе седум години, а извор близок до раперот за „Пејџ Сикс“ изјавил дека сака неговата следна девојка да биде „уметник“, со објаснување дека со тоа „можат да зборуваат на ист јазик“ и дека му е „доста од ријалити ѕвезди“.

Сепак, за некоја да може да се нарече нова девојка на Вест, таа ќе мора да го исполни наведениот услов, особено ако го имате предвид фактот дека тој се споредува со најголемите уметници досега.

„Јас сум Микеланџело. Јас сум Пикасо. Јас сум несомнено најголемиот уметник на сите времиња. Во овој момент, тоа не е ни прашаање. Тоа е само факт“, истакнал тој во еден од своите твитови.

Да потсетиме, расправиите во бракот со Кардашијан започнаа во пролетта, кога раперот реши да се кандидира за претседател на САД. Потоа изнесе интимни детали од бракот со Ким, за што таа особено се замери.

Инаку, приказната за разводот на оваа славна двојка започна откако Канје откри за време на јавниот настап дека Ким сака да абортира едно од нивните деца. По ова, тие заминаа на одмор и се обидоа да го спасат бракот, но не успеаа.

Слични содржини