Каракачанов: Властите во Скопје ја замислуваат ЕУ како СССР

од Nikola Popovski

„Бугарија останува на позицијата да го поддржи членството на С. Македонија во ЕУ, но мора да ги реши прашањата како што е неспроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година и тоа нема никаква врска со Русија, ниту зависи од германскиот притисок“, изјавил бугарскиот вицепремиерот Красимир Качакачанов во интервју за БНР, еден ден пред да се потврди ставот на европско ниво дека Бугарија ќе го блокира почетокот на првата меѓувладина конференција, со која треба да започнат разговорите за пристап на официјално Скопје во ЕУ.

Тој изјавил дека нема нема никаква новост од С. Македонија по состаноците со Бугарија минатата недела и нагласил дека „се појавува јасна бугарска позиција, која во оваа фаза не може да си дозволи да го координира закажувањето на првата меѓувладина конференција“.

„Слушнав некакви глупости во последните месец или два. На чија руска позиција им служиме? На оние во Скопје кои 70 години имаат развиена идеологија кон Москва – за посебна македонска нација која нема никаква врска со Бугарите или практика и политика на Скопје во последните 30 години за да го негираат бугарскиот карактер на историјата на географската област на Македонија, присвојувањето на бугарските национални херои, буквално до ден денес. Властите во Скопје ја замислуваат ЕУ како СССР со социјалистички држави кои, ако се повлечат едни со други, трчаат кон Москва и таму е судијата што одлучува“, вели Каракачанов.

Според него, Скопје ја спроведува оваа руско-коминтернска политика, која била дел од југословенската државна политика на Тито.

„Кого треба да туркаме кон Москва? Градоначалникот на Скопје, кој оваа сабота организира обиколка на историските места во Југославија и другарот Јосип Броз Тито, или неговиот заменик, кој пред месец и половина ги замоли децата да учат српски јазик? Бугарија го прави токму спротивното. Не може да барате поддршка од Бугарија за ЕУ, а на 11 октомври да го славите Денот на народното востание против бугарскиот окупатор“, нагласува Каракачанов.

Според Каракачанов, образовниот систем во С. Македонија што ги дефинира Бугарите како турско племе, фашисти и убијци не може да биде резултат на она што Софија го прави за Скопје.

„Нашиот сосед што го поддржуваме 30 години и три години и три месеци по Договорот за добрососедство нема имплементација или промени во учебниците по историја. Членството во НАТО на Македонија се случи благодарение на Бугарија и Бугарија е факторот што ја спаси граѓанската војна што Србија ја организира во Босна и Херцеговина, во Хрватска, на Косово“, заклучил бугарскиот вицепремиер

 

Слични содржини