Карлеуша КОНЕЧНО призна: На сликите сум јас, сакав да се убијам

од Elena Daskalova

Пејачката Јелена Карлеуша после 14 месеци судски спор, конечно призна дека таа е на сликите кои се дел од доказите во аферата со Врањеш.

„Тоа се мои фотографии, мои гради, мој полов орган. Врањеш тајно ме снимал“, изјавила таа под заклетва, дознава српскиот весник Информер.

Таа долго тврдеше дека сликите се монтажа и дека не е таа на нив. Карлеуша досега неколкупати го има тужено Информер бидејќи објавувале нејзини разголени фотографии без дозвола, за кои не ни знаела дека се фотографирани. Таа потврдила дека дури и спорниот белег на половиот орган е нејзин, пишува Информер.

Наводно, на Карлеуша од стресовите ѝ паѓала косата, па морала да ја скрати, пиела лекови за смирување и имала суицидни мисли.

„Сметам дека нема ништо пострашно за една мајка, сопруга и ќерка секој ден да си го гледа половиот орган на насловни страници“, стои во записникот.

„Јас не сум порно-актерка, јас сум само некој кој имал врска со личност на која ѝ верувала, а тој тајно ме сликал. Се работи за видео-повик во кој дотичниот правел принтскринови, после кои ме уценуваше и ги проследи во медиумите. А тие, наместо да ме заштитат, ги објавуваа со сензационалистички наслови во контекст на порно“, завршила пејачката.

Врањеш пак, имал да каже само едно: „Ми се гади кога слушам за Јелена.“

Слични содржини