Карлеуша откри зошто повеќе нема да биде дел од жирито во „Ѕвездите на Гранд“

од Nikola Popovski

Пејачката Јелена Карлеуша, по долгогодишно учествување во жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, повеќе нема да биде дел од тимот од новата сезона, која започнува на 18 септември. Според неа, главната причина за раскинување на договорот е нејзиниот нов албум, на кој сака да се посвети што е можно повеќе.

На нејзино место ќе дојде Светлана Цеца Ражнатовиќ, која зад себе има долга и успешна кариера, и е многу компетентна и способна за таква позиција.

Карлеуша на својот Инстаграм изјави дека се разделила со продукцијата „Гранд“ на мирен начин и дека главната причина за раскинување на договорот е новиот албум што наскоро ќе излезе.

„Драги мои, одлучив дека е време да се повлечам од „Ѕвездите на Гранд“пред новиот албум, и соодветно, по моја иницијатива, на 28 јуни оваа година, ја известив „Гранд“ продукција и го раскинав постојниот договор“, напиша Јелена и откри зошто ја донела оваа одлука.

„Ја донесов оваа одлука со цел што повеќе да се посветам на издавањето и промоцијата на новиот албум што доаѓа. Оттогаш до денес, имаше обиди да се најдат начини и услови за продолжување на снимањето, но не успеавме да се договориме. Кои се новите членови и како ќе изгледа конкуренцијата во иднина, не се прашања за мене. Им посакувам среќа“, напишала Јелена во отворено писмо.

Слични содржини