Карлеуша повторно се соочи со Дуа Липа на социјалните мрежи

од Stefanija Kuzmanovska

По објавата во која британската пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа, изјави дека „немала намера да сее омраза“ со споделување на знамето на Голема Албанија, повторно се огласи Јелена Карлеуша, пренесе „Нова.рс“.

„Доколку не сакаш да сееш омраза, објави вистинска мапа, што не вклучува територии од четири различни држави, не е толку тешко, навистина“, ѝ напиша Карлеуша.

Ова е втор пат Карлеуша да се огласи во врска со контроверзната објава на Дуа Липа, која предизвика голем неред на социјалните мрежи. Таа уште пред неколку дена ѝ напиша на Дуа Липи дека „екстремизмот не е одговорот“.

Да потсетиме, Липа денес повторно се огласи на Инстаграм, но не за да се извини пред обожавателите кои ги навреди, туку да укаже дека сака картата на Косово да биде во апликациите на „Епл“, без оглед на претходниот ултранационалистички пост.

 

Слични содржини