КАТАСТРОФА ВО АТИНА: Пожарот може да го остави половина град без струја

од Stefanija Kuzmanovska

Се посилниот ветер запали веќе голем шумски пожар северно од грчката престолнина. Пожарот, исто така, ѝ се закани и на инсталација клучна за снабдувањето со електрична енергија во Атина, пристапот до дел од автопатот беше прекинат, а жителите на две други населби во подножјето на планината Парнита беа евакуирани.

Според грчките медиуми, пожарот се приближил до инсталацијата на грчкиот оператор за дистрибуција на електрична енергија (АДМИЕ) во населбата Агиос Стефанос. Доколку инсталацијата е погодена од пожарот, големи делови од грчката престолнина би можеле да останат без електрична енергија.

Најголемиот пожарен фронт се наоѓа во близина на населбата Афиднес, поради што властите беа принудени да затворат дел од автопатот. На камионите им е забранет понатамошен сообраќај, а автомобилите што се движат кон север од Атина се насочени да ги заобиколат патиштата.

Околу 11 часот, цивилната заштита испрати повик до илјадници жители да ги евакуираат населбите Капандрити, Полидендри и Малакаса. Жителите беа испратени во крајбрежните градови Барнабас и Ноу Макри.

За потсетување, утрово околу 5 часот, грчките власти разбудија илјадници луѓе во северните предградија на Атина и иницираа евакуација поради огромен пожар.

Имено, пожарот го премина автопатот Атина-Ламија и влезе во Агиос Стефанос, Полиендри, Капандрити, Пефкофито и други места во предградијата на Атина во подножјето на планината Парнита.

Слични содржини