165
Предлог за казнени налози против осум лица денеска поднесе Основното јавно обвинителство Скопје за непочитување на полицискиот час.
Обвинетите, како што соопшти ЈО, биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. На тој начин, според Обвинителството, тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
-Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, информираат од ЈО.