Ќе се менува должината на натпреварите во Катар? ФИФА одговара…

од Vladimir Zorba
374 прегледи

Италијански Corriere dello Sport објави дека Светското првенство ќе биде специфично според ново правило. Покрај тоа што се одржува во текот на зимските месеци, односно поради клупската сезона, италијанските медиуми наведуваат дека ФИФА има намера да ги продолжи натпреварите за најмалку десет минути. Со ова, рекоа, ќе се надомести „украденото време“.

Истражувањата покажуваат дека од 90 минути игра, околу 50 се всушност активни, па се бара ново решение, а дел од времето се губи со зголемување на бројот на замени, од три на пет.

Сепак, ФИФА ја демантираше оваа информација објавувајќи ја реакцијата на својот официјален профил на Твитер.

„По гласините што кружат, ФИФА сака да потврди дека нема да има промени во правилата за времетраење на фудбалските натпревари на Светското првенство во Катар или во кое било друго натпреварување. Да потсетиме дека во Катар ќе биде воведена нова технологија која би детектирала офсајд многу побрзо отколку што е случајот со ВАР“.

Слични содржини