Кејт ја сподели трогателната реакција на принцот Луис кога дознал за смртта на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Кејт Мидлтон им ја соопштила веста за смртта на нивната сакана прабаба на нејзините три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис пред официјалното соопштение во четврток.

Видеото споделено на TikTok покажува како нивната мајка ја споделува приказната за трогателната реакција на Луис со насобраната толпа за време на вчерашната прошетка пред замокот Виндзор.

Четиригодишното момче, како што наведе Кејт, кажало: „Барем сега баба е со прадедо“.

На принцезата од Велс ѝ се придружија нејзиниот сопруг, новиот принц од Велс, и војводата и војвотката од Сасекс, сите претставувајќи обединет фронт.

Облечени во црно, тие ги разгледуваа цвеќињата и балоните пред да прошетаат низ местото.

Тоа беше прв пат на принцот Вилијам да му се придружи во јавноста неговиот помлад брат во замокот Виндзор по погребот на војводата од Единбург во април минатата година.

Слични содржини